Коронавирусот ја влошува ситуацијата со Роналдињо

фото: твитер

Далија Лопез, деловната жена која беше вклучена во организирање на патувањето за Роналдињо и неговиот брат во Парагвај, не се појави на суд.

Ситуацијата со Роналдињо може да се влоши понатаму и да не се развие во најдобро сценарио. Причината за ова e коронавирусот, што секако не влијае негативно само на бразилската фудбалска легенда.

Излезе дека поради КОВИД-19, клучен сведок во случајот против поранешниот играч на Барселона и неговиот брат не може да пристигне во Парагвај.

Како што е веќе познато на Роналдињо му беше забрането привремено пуштање, затоа што беше решено дека може да избега.

Ситуацијата е влошена, бидејќи Далија Лопез, деловната жена која беше вклучена во организирање на патувањето за Роналдињо и неговиот брат во Парагвај, не се појави на суд.

Нејзиниот адвокат ова го припишува на фактот дека имала висок крвен притисок и дијабетес од втори степен, што ја прави потенцијална жртва на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот