Коронавирусот го запира и спортот во Македонија!?

Министерот за здравство, Венко Филипче, ќе препорача да се откажат и спортските настани во Македонија кои се планирани да се одржат викендов поради коронавирусот.

– Моја препорака е да се откажат сите спортски натпревари, посебно тие што ќе се играат во затворен простор. На седница на Владата ќе ја разгледаме оваа препорака и ќе донесеме конечна одлука – изјави Филипче.

Седницата на Владата на која ќе се разговара за коронавирусот ќе започне во 11 часот.

Викендов треба да се одржат голем број на домашни но и меѓународни спортски настани.
Европскиот шампион, РК Вардар утре го пречекува Монпелје во последното коло од групната фаза во ракометната Лига на шампиони, додека во базенот Борис Трајковски е предвидено да се одржи меѓународен пливачки митинг Хептун куп во учество на пливачи од Косово и Албанија.

Викендов треба да се играат и редовни кола во сите домашни спортски натпреварувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот