Коронавирусот го одложи кошаркарскиот меч Ангели – Работнички

Фото: kfsm.mk

Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ донесе одлука за одложување на натпреварот од 14 коло од Првата лига-мажи, Ангели-Работнички, кој беше предвидено да се игра на 29 јануари (сабота) во салата „Независна Македонија“ од 15.00 часот.

– Поради четири позитивни играчи од ковид-19 во екипата на КК Работнички, натпреварот помеѓу КК Ангели – КК Работнички се одложува, и истиот се закажува за 09.02.2022 година (среда) со почеток во 18.00 часот – пренесуваат од нашата кошаркарска федерација.

Од истите причини, претходно комесарот за натпреварување одлучи да го одложи натпреварот Феникс 2010-Пелистер, кој е дел од 14 коло од Првата лига-мажи.

Моментно на табелата во првенството води Пелистер со 26 бодови, три повеќе од второпласираниот МЗТ Скопје Аеродром.

В сабота од 18.00 часот Навикоа Академија ФМП се соочува со Кожув, во истиот термин се среќаваат уште ТФТ – Куманово 2009 и Гостивар – МЗТ Скопје Уни Банка, а од 19.30 часот МЗТ Скопје Аеродром е домаќин на Еуро Никел 2005.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот