Користеле лажни профили на „Фејсбук“ и земале лични податоци на туѓи лица кои ги користеле за добивање брзи кредити

Полиција / Фото: МВР

СВР Штип поднесе кривична пријава против П.С. (30) од Струга, П.Т. (41) од Свети Николе, Д.С. (35) од Крива Паланка, С.Т. (61) и И.Е. (40) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

– Пријавените, во периодот од декември во 2020 година до февруари оваа година оствариле контакт со три лица од Штип, од Струмица и од Пробиштип користејќи лажни „Фејсбук“ профили, а откако ги дознавале нивните лични податоци ги искористувале за добивање брзи кредити преку електронско аплицирање во финансиски друштва. Оштетените биле доведувани во заблуда дека паричните средства кои по одобрување на кредитот им легнувале на нивните сметки, со наводна помош од роднини на пријавените за лекување на болно дете, кои парични средства оштетените по налог на пријавените ги ваделе од нивните трансакциски сметки, а потоа им ги испорачувале преку лица кои претходно биле ангажирани. На тој начин тие се стекнале противправна имот на корист од 342.100 денари, стои во соопштението од МВР

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот