фото: МИА

Кореец уапсен во Тирана поради проневера од 18 милиони евра направена со пирамидални шеми

Стефан Моргенштерн (61) од Јужна Кореја, меѓународно баран за измама со големи финансиски вредности, е уапсен  во близина на меѓународниот аеродром во Тирана, јавува МИА.

Тој е обвинет за создавање пирамидални шеми на меѓународно ниво, во близина на аеродромот ја чекал сопругата која доаѓала во Тирана од Дубаи. Тој е обвинет дека заедно со други лица преку пирамидални шеми проневерил 28 милиони евра, стои во полициското соопштение.

Според полицијата во периодот од 27 март 2016 до 7 ноември 2020 година биле измамени 2.156 лица, со вкупна парична загуба од 40.703.930.904 KRW (јужнокорејска валута) или околу 28 милиони евра.

Не е познато кога тој пристигнал во Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот