Кореча: Ќе биде супер-тешко да се победи Ѓоковиќ на Вимблдон

EPA-EFE/ANDREW COULDRIDGE

Шпанскиот коментатор го гледа Србинот како голем фаворит на Вимблдон и дека речиси нема кој да го победи на тревнатиот терен. Новак е прв носител на турнирот што почнува в понеделник, а втор носител е Надал

Некогашниот шпански тенисер Алекс Кореча кој сега е коментатор за „Еуроспорт“ смета дека актуелниот шампион на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, е голем фаворит за зачувување на титулата и дека речиси нема кој да го победи на тревнатиот терен.

– Тој е актуелен шампион и мислам дека ќе биде супер-тешко да биде победен. Сервира одлично, ретернира совршено, се движи добро, игра длабоко – вели Кореча.

Ѓоковиќ е прв носител на Вимблдон што стартува в понеделник, а втор носител е Рафаел Надал. Новак и Рафа играа во четвртфиналето на францускиот грен-слем и победи Шпанецот, кој потоа и го освои турнирот. Сепак, Кореча смета дека тревната подлога му дава предност на Новак ако овие двајца се сретнат во финалето.

– Новак ја сака тревата. Сака да игра на трева и ја познава таа подлога многу добро. Знам дека не победи на Ролан Гарос, но тоа му беше како подготовка. Рафа одигра одлично и тоа ќе му даде стабилост – вели Кореча.

Според него обата тенисери не треба да мислат на евентуален меѓусебен двобој туку да се фокусираат на стратот на турнирот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот