Конвој автомобили го напушта Мариупол, прва успешна евакуација на цивили

Конвој од 160 автомобили го напушти Мариупол денес,/ Фото: EPA-EFE/MAXAR TECHNOLOGIES HANDOUT -- MANDATORY CREDIT: SATELLITE IMAGE 2022 MAXAR TECHNOLOGIES

Конвој од 160 автомобили го напушти Мариупол денес, потврдија градските власти, додавајќи дека сега се чини дека ова е првиот успешен обид да се организира „хуманитарен коридор“ за евакуација на цивилите од опколениот украински град.

Цивилите се приведени повеќе од две недели во пристанишниот град на Црното Море, кој е опколен од руски сили и каде што резервите на храна се при крај, соопштија украинските власти.

По неколку неуспешни обиди да се достави храна до жителите и да се обезбеди безбедно минување на цивилите, градската власт објави дека се почитува локалниот прекин на огнот и дека конвојот се движи кон Запорожје.

„Знаеме дека повеќе од 160 приватни автомобили го напуштија градот до 13 часот. Конвојот стигна до блискиот град Бердјанск и продолжува кон Запорожје“, соопштија градските власти.

Имаме и информации дека се почитува прекинот на огнот долж трасата на хуманитарниот конвој“, се додава во соопштението.

Советникот на украинскиот претседател Олексиј Арестович претходно денеска изјави дека повеќе од 2.500 луѓе загинале во Мариупол од почетокот на руската инвазија.

Арестович тврди дека пренесува бројки од градските власти. Русија нагласува дека не гаѓа цивили.

Ројтерс додава дека не може самостојно да ја потврди информацијата за бројот на загинати во Мариупол.

ВО ЖИВО | Конфликтот во Украина, вести од минута во минута: Преговорите продолжуваат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот