Конте му е лут на Нагелсман поради Кејн, Баерн има план како да дојде до Англичанецот идното лето

Антонио Конте и Хари Кејн/фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте смета дека тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман не покажал почит кон премиерлигашот со изјавата дека го сака Хари Кејн во својот тим, пренесуваат англиските медиуми.

Нагелсман изјави дека Баерн бара вистинска замена за Роберт Левандовски кој се пресели во Барселона и го истакна дека го сака Хари Кејн во својот тим, но проблем во реализацијата на трансферот претставува големото обесштетување кое во бара Тотенхем. На ова реагираше Конте кој го нападна својот германски колега.

– Јас никогаш не зборувам и нема да зборувам за фудбалери од други екипи. Не знам зошто го направи тоа Нагелсман. Мислам дека покажа одреден недостаток на почит кон Тотенхем. Ситуацијата во Тотенхем е многу јасна,  Хари е важен дел на нашиот проект – рече Конте.

Ова не е првпат Кејн да се поврзува со преселба во други клубови. Во претходните сезони тој веќе беше виден како член на Манчестер сити и на Манчестер јунајтед, но Кејн сè уште е играч на Тотенхем.

Но, германскиот весник „Билд“ повикувајќи се на извори во Баерн Минхен, пишува дека баварците не се откажуваат и доколку не успеат ова лето, тогаш идното ќе го донесат Кејн на „Алијанц Арената“.

Бидејќи договорот на Кејн со Тотенхем истекува во 2024 година, Баерн не смее да преговара со Кејн, се додека не добие дозвола од Тотенхем, но германскиот тим нашол заобиколен пат да му пријде на англискиот репрезентативец.

Имено, челниците на Баерн разговарале со братот на Хари, Чарли Кејн кој е сопственик на менаџерската агенција „ЦК66“ и кој се грижи за кариерата на напаѓачот на Тотенхем.
„Билд“ пишува дека Чарли Кејн не рекол „Не“ и оставил можност да дојде до реализација на трансферот, но идната година.

Кејн тогаш ќе влезе во последната година од договорот и доколку не потпише нов до Тотенхем, премиерлигашот нема да им голем избор и ќе мора да го продаде својот најдобар играч. Во Баерн се надеваат дека ќе се повтори ситуацијата како со Левандовски, но овој пат тие ќе излезат како победници, бидејќи ако Кејн јавно побара трансфер, тогаш Тотенхем ќе биде приморан да го продаде за да заработи на него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот