Конте ја заостри реториката со Фон дер Лајен

“Сакана Урсула”, „слушам идеи (од вас) кои не се достојни за Европа”, напиша италијанскиот премиер.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте во писмо објавено на страниците на весникот „Ла Република“ го заостри спорот за парите наменети за пандемијата од корона вирусот со шефицата на ЕК, Урсула Фон дер Лајен

Писмото е одговор на извинувањето на ЕК која задоцни со реакцијата за помош на Италија. Претседателката на ЕК се извини и нагласи дека „ЕК сега е со нив“.

“Сакана Урсула”, „слушам идеи (од вас) кои не се достојни за Европа”, напиша тој.

Конте додаде и дека е време Е „да покаже повеќе амбиција, повеќе единство и повеќе смелост”.

Спорот е за милијарди евра со кои Италија бара Европската унија да и помогне во борбата со новата коронавирусна пандемија, која досега во оваа земја уби речиси 14.000 лица и ја разурна економијата.

Тој претходно од ЕУ бараше да почне со издавање на таканаречена „коронаобврзница”, што може на земјите, како Италија, да им овозможи полесно и поевтино да се справат со кризата.

Фон дер Лајен, пак, застана на страната на Германија и некои други северноевропски држави, кои имаат сомнежи кон обединувањето на финансиските ризици, бидејќи тоа може да им ги зголеми сопствените трошоци на кредитите за сметка на позадолжените земји.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот