Конференциска лига: ПАОК ги понижи Динамо Загреб и Ристовски на реваншот во Солун

фото: EPA-EFE/ACHILLEAS CHIRAS

Ги дознавме првите патници во четвртфиналето на Конференциската лига, тие се Фенербахче, Фиорентина и ПАОК.

Иако на реваншот од осминафиналната фаза фудбалерите на Фенербахче загубија дома со 1:0 од Ројал Унион, сепак Турците одат понатаму благодарение на победата од 3:1 на првиот натпревар одигран во Белгија.

Во Италија екипите на Фиорентина и Макаби Хаифа одиграа 1:1. Барак донесе водство за „виолетовите“ во 59 минута, а Израелците израмнија во 88 минута преку Халаили. Италијанците се четвртфиналисти откако на првиот дуел триумфираа со резултат 4:3.

На првиот дуел одигран во Хрватска, Динамо Загреб славеше со 2:0 против ПАОК.

Грците пред своите навивачи во Солун успеаја да ја анулираат негативата и слават со убедливи 5:1. Целиот меч за „модрите“ го одигра поранешниот македонски репрезентативец Стефан Ристовски.

По првото полувреме водеше ПАОК со 3:0, во 27 минута предност донесе Баба, во 33 минута автогол си постигна Сучиќ, а за 3:0 стрелаше Томас.

Динамо намали на стартот од вториот дел преку Хоџа (49`), потоа Кулиеракис постигна гол во 73 минута за 4:1, а за конечниот епилог го постави Живковиќ од пенал во 88 минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот