Kонцертот „Нашите од Европа“ на Скопски солисти ќе се одржи заедно со кларинетистот Благој Ламњов и диригентот Виктор Митревски

Камерниот оркестар Скопски солисти годинава слави 20 години од основањето и во чест на јубилејот го најави концертот „Нашите од Европа“, што ќе се одржи на 14 декември во камерната сала на Филхармонија. Како гости на концертот ќе настапат кларинетистот Благој Ламњов, кој е родум од Велес, а живее и работи во Малме, Шведска, и диригентот Виктор Митревски, кој потекнува од музичко семејство од Скопје, а веќе неколку години со особен успех работи во Виена, Австрија.

На програмата се дела што премиерно ќе бидат изведени во Македонија од композиторите Комитас, Штамитц и Сибелиус, додека Ламњов за првпат пред македонската публика ќе ја отсвири композицијата „Сербез Донка“, која се наоѓа на неговиот деби компакт-диск „Носталгична љубов“. Уметнички раководител на камерниот ансамбл Скопски солисти е обоистот Васил Атанасов.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 60, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 12-13 декември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот