Кон крајот на оваа недела ќе започне изведбата на ковид модуларната болница во Гевгелија
Теренот на кој ќе биде поставена ковид модуларната болница во Гевгелија е подготвен, кон крајот на оваа недела се очекува да почне изведбата на болницата, информираат од Министерството за здравство.
Целосно е завршено бетонирањето, а поставена е и инфраструктурата, довод, одвод до канализациска мрежа, подземен кабел за струја.
-Ковид центарот во Гевгелија ќе биде со површина од 400 квадратни метри со посебен влез за персоналот. Посебен влез ќе има и за прием, евиденција, преглед, тестирање, можност за рендген, ЕХО преглед на пациенти и одредување терапија- велат од министерството.
Во последниот сегмент ќе има соба за изолација и стационар за хоспитален третман до максимум 15 пациенти.