Коњ колабирал на улица во Скопје (ФОТО) – Слободен печат
ВестиСкопје

Коњ колабирал на улица во Скопје (ФОТО)

На фотографиите се гледа како покрај коњот кој лежи, стојат неколку лица, а немилиот настан се случил во Скопје Север кај Кам Маркет. 

Денеска на Фејсбук страницата Ѕид на сообраќајниот  се објавени фотографии на кои се гледа мртов коњ како лежи на улица. Покрај коњот кој лежи, стојат неколку лица, а немилиот настан се случил во Скопје Север кај Кам Маркет.

Инаку ова е веќе трет смртен случај на коњ во Скопје само за еден месец. Пред една недела беше оставен, прегладнет и дехидриран коњ на Кеј кај Железничка станица.

Случајни минувачи тогаш се обиделе да му помогнат со вода, но веќе било предоцна.

Фото: Фејсбук

На социјалните мрежи беа објавени повеќе фотографии од мртвиот коњ, а над сликите еден корисник пишува: „Идеме у Европа, полека ама сигурно“.

Во врска со овој случај се огласи и здружението за заштита на животни „Анима Мунди“, кои на својот Фејсбук профил сурово ја осудија негрижата на институциите, истакнувајќи дека тие го игнорираат „секојдневниот проблем коњите да бидат користени како превозно средство и средство за влечење на товар“.

Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close