„Комити“ испратија опомена до фудбалерите на Вардар
Вардар кој по две години во Втората лига се врати во друштвото на најдобрите сезоната не ја започна најдобро и забележа три порази.
Препорачано
Подобри од Вардар во првите три натпревари беа Брера, Шкупи и Воска Спорт. Навивачката група „Комити“ по ваквите резултати испрати опомена до фудбалерите за нивното залагање на теренот.
Соопштението ви го пренесуваме во целост:
„Ниту забраната за гостување, ниту резултатите на клубот, нема да нè спречат! Вчерашниот натпревар заврши со молк. На фудбалерите не им дадовме поддршка туку опомена и дознаење дека не смеат да си дозволат, да ги преминат нашите црвени линии.
Нас нѐ не болат резултатите, туку играта и најголемиот наш пораз не е во немањето бодови, туку во немањето желба. Тоа е она што мора да се промени! Но, важно е секој наш член, секој Вардарец, сега кога е најтешко да застане зад клубот. Свесни сме дека сме сами, но свесни сме и дека само сплотени можеме да стигнеме до целта.
В среда, на стадионот „Борис Трајковски”, потребна е силна поддршка од наша страна. Затоа, не се мисли, не барај изговор – дојди и биди тука, зошто сега е тешко, сега сме најпотребни! Во среда не постои друга опција, освен победа против Силекс!“.


