Дисциплинската комисија предлага да се разреши Вилма Русковска

Вилма Русковска / Фото: mia.mk

Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија поднесе предлог за разрешување на Вилма Русковска.

За јавната обвинителка Ивана Трајчевска  изречена е дисциплинска мерка за намалување на платата во висина од 30 отсто од исплатената нето плата во траење од шест месеци. Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност утврди дека јавната обвинителка Елизабета Јосифовска не е виновна и ја ослободи од одговорност.

За поранешна основна јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е утврдено дека е одговорна за сторена тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за Јавното обвинителство и Комисијата одлучи да поднесе предлог за нејзино разрешување до Советот на јавните обвинители. За една јавна обвинителка од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, за утврдена тешка дисциплинска повреда е изречена дисциплинска мерка – намалување на месечна плата во висина од 30% од исплатената нето плата во траење од 6 месеци. За една јавна обвинителка Комисијата одлучи да ја ослободи од одговорност, бидејќи не се докажа дека сторила тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство, се вели во соопштението од Јавно обвинителство.

Како што соопштија, против решенито на Дисциплинската комисија, незадоволните страни имаат право на жалба пред Советот на јавни обвинители.

Во март годинава, обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифоска, беа сослушани во рамки на дисциплинската постапка поведена против нив, а поврзана со претресот во Управата за финансиска полиција.

Поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Вилма Русковска, е суспендирана, а паралелно против трите обвинителки се води и истрага по кривичната пријава на екс директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми.

Предлогот да се поведе дисциплинска постапка го даде републичкиот обвинител Љубомир Јовески, кој дополнително ја суспендира Русковска и од работа.

Претресот во Управата за финансиска полиција од страна на ОЈО ГОКК беше извршен 18 јули минатата година

Јовески ја суспендира Вилма Русковска, дисциплинска постапка против уште две обвинителки

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот