Комеморација за Владимир Ендровски – Љац утре во МНТ

Фото: МНТ

На големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ), на 26 септември (вторник) во 11 часот ќе се одржи комеморација во чест на актерот Владимир Ендровски – Љац.

„Ендровски со својот карактеристичен излив на емоции, маестрално подготвени улоги, умешноста и со огромна експлозија на енергија ја пренесуваше од сцената кон публиката и телевизискиот/филмски екран. Вечен спомен за единствениот Владимир Ендровски!“, велат од МНТ.

Ендровски почина на 20 август, на 60-годишна возраст.

Ендровски е роден 1963 година. Тој дипломирал на Факултетот за драмски уметности, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Љубиша Геогиевски, во 1991 г.

На сцената на МНТ официјално е од 1993 г., иако како актер се појавува во претстави и пред дипломирањето. На сцената на МНТ ги оживеа и ги направи незаборавни: Далавера змејот во „Рекламна бајка” (1989), Дромио од Сиракуза во „Забуни” (1989), Уплавот во „Мир” (1993), Целе Бумба во „Женски прилог за ноќта” (1993), Борис во „Буре барут (1994), Манилов во „Мртви души” (1994), Јован Ангел во „Лепа Ангелина” (1995), Спасе во „МКС” (1995), Д-р Алојзие Зилбербрант во „Глембаеви” (1996), Макрото во „Едмонд” (1997), Младичот во „Маме му ебам кој прв почна” (1997), Брајан во „Шопинг анд факинг” (1998), Антоан во „Мисија” (1998), Ботар во „Носорог” (1999), Арнолд Кримп во „Бетмен враќањето на црниот витез” (1999), Капетан Лебјаткин во „Демони” (2001), Крадецот во „Павилјони” (2001), Трајан во „Балканот не е мртов” (2001), Ристе во „Ослободување на Скопје” (2002), „Црна дупка” (2003), Булдог во „Доле влада” (2004), „Хамлет во транзиција” (2004), Вадиус во „Една вечер со ..” (2006), „Троил и Кресида” (2010), Алексеј Кирилов во „Бесови” (2011), како и во претставата „Подемот и падот на кабарето” (2013).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот