Некогаш беа најбогатото семејство на светот, а колку пари имаат Рокфелерови денес? (ВИДЕО)

Wikipedia

Презимето Рокфелер е познато низ целиот свет и спомнувањето на ова семејство, веднаш асоцира на богатство, луксуз и изобилие на богатство.

Сето тоа започнало во втората половина на 19 век кога Џон Д. Рокфелер го изградил американско царство благодарение на Standard Oil, фирмата која му овозможила инвестирање во разни други области.

Основачи на бизнис-империјата биле Џон Д. Рокфелер и неговиот брат Вилијам Рокфелер, кои своите милиони ги заработиле со преработка и експлоатација на нафта, па и инвестиции во банкарскиот сектор. Тие се вбројуваат меѓу најголемите светски приватни претприемачи во полето со нафта, во периодот од крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Џон Д. во 1916 година станал првиот светски милијардер, а во моментот на неговата смрт, богатството негово било проценето на 1,5 % од американскиот БДП. За време на својот живот тој бил најбогатиот човек на светот, затоа со тек на време станала позната изреката „богат како Рокфелер“.

Германско потекло

Семејството Рокфелер по потекло било од Вестервалд, Германија, од каде што нивниот предок Јохан Питер Рок(ен)фелер (1681-1765) се преселил во Северна Америка уште во далечната 1723 година и се доселил во Амвел, Њу Џерси, каде што подигнал плантажа. Еден од првите членови на семејството кој се населил во Њујорк бил патувачкиот трговец и помал претприемач Вилијам Авери Рокфелер (1810-1906), кој со својата сопруга Елиза Дависон имал 6 деца. Двајца од нивните синови, Џон Д. Рокфелер (1839-1937) и неговиот брат Вилијам Рокфелер (1841-1922) станале нафтени тајкуни и основачи на семејното богатство и моќ.

И покрај тоа што Рокфелер бил истакнат филантроп, како индустријалец често бил критикуван и обвинуван поради неморална работна пракса. „Standard Oil“ до крајот на 1870-те сочинувал 90% од нафтата во САД, поради што семејството Рокфелер станало монопол во нафтената индустрија.

Во 1911 година Врховниот суд на САД донел одлука компанијата да се подели на 34 помали компании.

Рокфелерови ги задржале семејните делови во сите новонастанати фирми, а нивното лично богатство дури и пораснало, иако им е намалено влијанието во нафтената индустрија. Џон Рокфелер починал во 1937 година, оставајќи ги финансиските фондови во рацете на своите машки потомци. Од таму и произлегува прашањето скоро цел век подоцна – каде се сега тие пари?

Наследниците го преполовиле богатството

Според Форбс, во 2016 година, останатите членови од семејството Рокфелер имале заедно нето вредност од 11 милијарди долари, што ги прави дури 23-то најбогато семејство во Америка. И понатаму тоа се многу пари, но ниту приближно толку колку што некогаш имале пресметано во денешна вредност, пишува Grunge. Рокфелрови не се збогатиле на добар начин. Тие биле луѓе кои ја користеле секоја прилика за да можат да крадат од другите. Така Рокфелерови ги стекнале Duluth, Mesab и Northern Railroad. 

Џон Д. Рокфелер немал некое претерано високо мислење за луѓето кои работеле за него. Неговиот близок соработник во 1913 година јавно признал дека не верува во концептот на минимална плата и дека секое момче и девојче, секој маж и жена ќе заработуваат точно онолку колку што вредат. 

Рокфелерофи биле толку омразени во раните 1900-ти што морале да вработат повеќе чувари за да ги заштитат. Како што објавил еден весник, „Дополнителното внимание е мудар потег. Рокфелер има многу причини за страв од убијци. Тоа се природни последици на деловната политика на господинот Рокфелер“. Луѓето имале доволно причини за да го мразат Рокфелер. Тие членовите на семејството ги нарекувале крадци, убијци на жени и деца, манипулатори и лажговци. Затоа, многумина тоа нивно „намалување на богатството“ го сметаат како враќање на нивниот долг.

Џон Рокфелер/Wikipedia

Теории на заговор

Теориите на заговор за семејството Рокфелер се движат од општоприфатени до бизарни.

Рокфелерови веќе долго време се поврзуваат со идејата за тајната светска влада, позната како Новиот светски поредок. Во прилог со теориите се и двете институции кои Рокфелерови ги започнале, едната е Трилатералната комисија, а другата Билдерберг групата.

Трилатералната комисија ја основал Давид Рокфелер во 1973 година со цел да се поврзат најголемите светски економии, а доколку постои главна светска влада, тогаш ова би било нејзиното службено име.
Денес има околу 400 членови, а нејзини членови можат да станат само милијардери и оние кои управуваат со одреден број на луѓе во државата или регионот во кој делуваат.

Тесно поврзани со наводниот светски поредок се сите истакнати членови на управата во водечките светски банки. Се верува дека Рокфелерови го контролираат американскиот долар со помош на федералните резерви, а сето тоа го прават со останатите „масонски“ семејства како што се Ротчајлд, Варбург, Голдман Сах, Лехманови и Кухн Лоеб, сите се главни ликови на водечките теории за заговор.

На теоритичарите сепак им е најинтересна улогата на семејството Рокфелер во Банката за меѓународна спогодба (BIS) сместена во Базел, која е првобитно основана за да се спаси тоа што било изгубено во Првата светска војна, а подоцна почнала да служи како банка на сите светски централни банки.

Центарот на Рокфелерови во Њујорк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот