Која маска ќе ја изберете денеска – се одбележува Денот на шегата

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Денеска се одбележува 1 април – Денот на шегата. Ова не е национален празник, но насекаде во светот се прославува како ден кога многумина прават шеги и будалаштини.

Вообичено, на овој ден во земјава дефилираат најмладите маскирани во суперхерои, принцези, ликови од цртани филмови, но поради пандемијата не беа организирани вакви настани.

Денот на шегата се прославува различно во светот. Во Канада, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и Јужна Африка, шегите траат до пладне и оној кој прави трикови после пладне го нарекуваат „априли-ли-ли” и го исмеваат, додека во Франција, Италија, Јужна Кореја, Јапонија, Русија, Холандија, Германија и други држави, луѓето се шегуваат цел ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот