Која е жената што управувала со автомобилот во кој загина легендарниот кошаркар Дражен Петровиќ? (ФОТО)

инстаграм

На денешен ден пред 27 години Хрватска и светот беа завиени во црно. На 7 јуни 1993 година загина Дражен Петровиќ во тешка сообраќајна несреќа за која до ден денес се зборува во светот на спортот.

Во попладневните часови тој кобен ден, по Дражен на аеродромот во Франкфурт пристигнала неговата девојка Клара Шаланци во друштво на пријателката Хилал Едебал, турска кошаркарка. Дражен и таа биле во врска само неколку месеци. Клара требала да го однесе Дражен до Минхен, а потоа на автопатот А9 кај градот Денкендорф се случила катастрофа.

инстаграм

Клара со својот Голф се судрила во Мерцедес камион, а наводно возела 160 километри на час. Петровиќ спиел на сувозачкото седиште и при ударот испаднал од автомобилот, па починал на лице место.

За Клара со години не се знаело многу, а за третата личност во автомобилот ништо се до 2011 година.

Клара Шаланци е родена во 1970 година, а била германска кошаркарка и манекенка. Пред да ја започне врската со Дражен, таа била негова огромна обожавателка и преку една пријателка од Хрватска успеала да стапи во контакт со легендарниот кошаркар, преку неговиот менаџер. Таа го посетила на еден натпревар, а според изјави од пријателите, нивната љубов веднаш започнала.

твитер

Шаланци никогаш не проговорила за врската со Дражен и трагичната сообраќајна несреќа/ Неколку пати доаѓала во Загреб, на гробот на Дражен, па наводно била и во контакт со неговиот брат.

Три години по несреќата таа го запознала германскиот фудбалер Оливер Биерхоф. Тие во 2001 година се венчале, а во 2007 година добиле и дете. Клара во 2010 година доживеала уште две големи трагедии – го загубила детето во осмиот месец од бременоста, а не многу подоцна починал и нејзиниот брат Ладислав.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот