Александар Вучиќ / Фото: EPA/EFE / Koca Sulejmanovic

„Кој си бре ти?“ – Вучиќ најави портал за поплаки од граѓаните

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави отворање интернет-портал на кој граѓаните ќе можат да се жалат на неодговорно и непристојно однесување на функционери. Порталот, чија цел, како што вели Вучиќ, е сузбивање на ароганцијата во јавниот сектор, ќе се вика „Кој си бре ти?“, пренесе Индекс.

„Во следните денови, покрај сите важни работи поврзани со полицијата и целиот систем, ќе се посветам на поддршка на обичните луѓе, бидејќи добив безброј писма. Наскоро отворам портал што ќе се вика ‘Кој си бре ти?’, како одговор на она нивното ‘знаеш ли ти кој сум јас?’. Таму ќе примам поплаки од граѓаните, ќе одговарам на нив и ќе разговарам со нив“, изјави Вучиќ, одговарајќи на новинарски прашања во Палатата Србија.

Тој додаде дека ќе се обиде да најде време за да влијае врз намалување на непристојноста и ароганцијата во целото општество.

„Тоа е нешто што луѓето најмногу го мразат“

„Дел од проблемите што ни се случуваат произлегуваат токму од таквото однесување. Тоа е нешто што луѓето најмногу на свет го мразат. Од мене тоа никогаш не сте можеле да го слушнете“, истакна Вучиќ.

Како пример за важноста на директната комуникација со граѓаните, тој раскажа неодамнешен случај кога лично му се јавил на човек кој му испратил писмо со негативна содржина.

„Не верував дека ќе се јавите“

„Вчера добив писмо од господинот Лончар, мислам од Нови Сад. Ми напиша многу лоши работи. Оставил телефонски број, па му се јавив. Разговаравме и тогаш сфатив колку еден разговор може да биде лековит и благотворен. Сфаќате како можеби можете малку да смените нечии ставови, но и како можете да се менувате себеси“, рече Вучиќ.

Според него, реакцијата на соговорникот го поттикнала на размислување.

„Кога човек ќе ви каже: ‘Не верував дека ќе се јавите, другите никогаш не ми се јавиле’, тоа не зборува најдобро за мене, но зборува многу лошо за некои други“, рече тој.

ВИДЕО | Чесниот појас на Пресвета Богородица пристигна во Белград

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот