Кој ќе биде најдобар играч во Премиер лигата: Ван Дајк, Хендерсон или Де Брујне

Асоцијацијата на професионални фудбалери (ПФА) го објави скратениот список на кадидатите за играч на годината во Премиер лигата, а на него има дури четири играчи на шампионот Ливерпул.


Меѓу кандидатите за престижната награда се наоѓаат минатогодинешниот лауреат Вирџил ван Дајк, Џордан Хендерсон, Садио Мане и Трент Александер-Арнолд. Останатите двајца играчи во најтесниот круг за играч на годината според ПФА се од вицешампионот Манчестер сити, Кевин де Брујне и Рахим Стерлинг.

Според англиските медиуми, главната битка ќе се води меѓу три имиња, двоецот на Ливерпул, Џордан Хендесон и Вирџил ван Дајк и „мозокот“ на играта на Манчестер сити, Кевин де Брујне.


Но конкуренција за наградата за најдобар млад играч во Премиер лигата се наоѓаат Тами Абрахам и Мејсон Маунт од Челси, Трент Алекдандер-Арнолд (Ливерпул), Букајо Сака (Арсенал) и двоецот од Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд и Мејсон Гринвуд.
Лауреатите ќе бидат познати и наградите ќе ги добијат на 8. септември.

Прочитајте и...  Тајната на Златан: Прави склекови додека седам на него

Поврзани вести

Богдановиќ ќе ја продолжи кариерата во Атланта хокс!

Слободен печат

Алушовски: Голманите можат многу повеќе, не сме без шанси во Кјелце!

Слободен печат

ВИДЕО | Тантуровски: Хокејот во Македонија има традиција, потребна ни е затворена арена

Слободен печат

ЛШ: Мората го спаси Јувентус од срам, Халанд е вистинска гол машина (ВИДЕО)

Слободен печат

Инграм добива богатство од Њу Орлеанс

Слободен печат

Второто полувреме кобно за Е. Пелистер

Слободен печат

Остави Коментар