КОЈ ГИ ЧУВА БОРЦИТЕ ОД ИСЛАМСКА ДРЖАВА? Над 10 затвори со милитанти останаа без надзор во Сирија – Слободен печат
ВестиПланета

КОЈ ГИ ЧУВА БОРЦИТЕ ОД ИСЛАМСКА ДРЖАВА? Над 10 затвори со милитанти останаа без надзор во Сирија

„Осум кампови за бегалци и 12 затвори за борци-странци се оставени без надзор и стража како резултат на делувањето на турската армија. Ова би можело да предизвика наплив на терористи и таканаречена обратна миграција во нивната татковина“, рече Шојгу.

Турската офанзива во Сирија остави најмалку 12 затвори со милитанти од Исламска држава без надзор, рече рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, предупредувајќи дека стотици од избеганите борци би можеле да се вратат во нивните родни земји, објави „Москва тајмс“.

Турција започна воена операција против Курдските борци на североистокот од Сирија претходно овој месец, откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече трупите на САД од регионот. Експертите предупредуваа дека турскиот напад би можел да биде шанса илјадници борци на ИД да избегаат од затворите кои беа надгледувани од Курдските сили.

– Осум кампови за бегалци и 12 затвори за борци од странство се оставени без надзор и стража како резултат на делувањето на турската армија. Ова би можело да предизвика наплив на терористи и таканаречена обратна миграција во нивната татковина – изјави Шојгу за ТАСС.

Зборувајќи на безбедносен форум во Пекинг, Шојгу рече дека Исламска држава „значајно го зголемила влијанието“ во Азија, вклучувајќи ги Индонезија, Малезија, Сингапур, Филипините и дел во Тајланд, по нивниот пораз во Сирија.

– Само пред неколку години, тероризмот не претставуваше сериозна закана за земјите во Азија и Пацификот – додал Шојгу.

Руските медиуми претходно објавија дека дузина руски жени се заробени во камп за поранешни борци на Исламска држава во северна Сирија и барале помош од Москва.

Во меѓувреме, Турција ги отфрли тврдењата дека нивната офанзива би можела да доведе до бегање на поранешните борци на ИД или враќање на џигадистичката група во Сирија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close