КОЈ Е НОВИОТ ПРЕМИЕР НА ГРЦИЈА? Претците му се славни политичари поради кои му велеа дека е привилигиран

Фото: Profimedia

Конзервативната Нова демократија на Киријакос Мицотакис ја оствари очекуваната победа на предвремените избори во Грција и ја прекина четиригодишната пауза на владеење на некои од трите големи политички фамилии во таа земја, која настапи со доаѓањето на власт во 2015 година на маргинализираната ултралевичарска партија на Алексис Ципрас.

Мицотакис од Ципрас „наследува“ Грција која, колку и да не сака да признае 51-годишниот конзервативен лидер, сепак не е во состојба пред умирање каква што беше за време на владеењето на ПАСОК и Нова демократија во доба на најголемата должничка криза во Европа од Втората светска војна, поради која Грција за малку ќе излезеше од Еврозоната.

Јавниот долг на Грција и натаму е огромен и преминува 180 отсто од бруто домашниот прозивод (БДП), но тој истиот БДП, минатата година, во која земјата конечно излезе од програмата за финансиска помош од меѓународните кредитори кои наметнуваа остри мерки на штедење, забележа раст од 1,9 отсто, а Европската комисија во наредните две години очекува дополнителни 2,2 отсто.

На Мицотакис сега му претстои да ги исполни предизборните ветувања и да ја направи Грција погодна за работа, да привлече странски инвестии, да ги намали даноците и да го модернизира грчкиот бирократски ситем.

Иако неговиот политички стаж во политиката не е многу голем, бидејќи во грчкиот парламент првпат влезе пред 15 години, тој припаѓа на фамилијата Мицотакис, која заедно со фамилијата Папандреу со социјалистичка ориентација и Караманлис со конзервативни определувања, со децении доминираше на политичката сцена на Грција.

Фото: Profimedia

Тој е син на покојниот грчки премиер од почетокот на 90-тите години од минатиот век, Константин Мицотакис и правнук на Костас Мицотакис, грчки политичар од крајот на 19. век и соборец на водачите на движењето за национално ослободување на Грците од отоманската власт на Елефтериос Венизелос, со кого фамилијата Мицотакис била во роднински врски.

Неговата сестра, Дора Бакојани, беше градоначалничка на Атина во време на одржување на Летните олимписки игри во грчката престолнина во 2004 година, а беше и министерка за надворешни работи во владата на Костас Караманлис, се до смената на власта која ја презеде Јоргос Папандреу. Синот на Дора Бакојани, Костас, исто така стана градоначалник на Атина.

И покрај отпорот на кој наидуваше внатре во сопствената партија, Мицотакис, кој е на чело на Нова демократија од 2016 година, во претходните три години успеа во анкетите да добие значајна предност во однос на ривалите. Иако и самиот е потомок на една од главните грчки политички династии, овој дипломец на Харвард, настојуваше во кампањата да с еослободи од имиџот на привилигиран човек и да се сврти кон работниците и загрозените категории.

Тој на тврдењата на Сириза, дека Нова демократија, доколку ја освои власта, ќе ги десеткува работниците и средната класа, на предизборниот митинг во Волос, како одговор изнесе ветување дека нема да отпушта работници во јавниот сектор, ниту ќе ја намалува социјалната помош.

– Мислам дека долгорочно Нова демократија ќе биде подобра во поглед на управувањето и развојот – рече на еден од митинзите 45-годишне работник во приватен сектор кој се претстави како Макис.

Мицотакис во последните година дена го искористи бесот на дел од грчката јавност поради договорот на Ципрас со Скопје за името Северна Македонија, а брзо реагираше и за време на катастрофалните пожари кои минатото лето беснееја на голем дел од подрачјето на Атина и однесоа повеќе од 100 животи, каде жителите прво го видоа лидерот на опозицијата, а дури подоцна таа зона ја посети и Ципрас.

Киријакос Мицотакис е роден 1968 година во Атина, а поради доаѓањето на воената хунта на власт, неговата фамилија помина шест години во Париз, за да се врати во Грција по повторното воспоставување на демократијата во 1974 година. Од деловното опкружување во кое беше од почетокот на 90-тите години на минатиот век до 2003 година, кога Светскиот економски форум го именуваше за глобален лидер на иднината, премина во политика, а најголемата функција која до сега ја извршувал е министер за административна управа од 2013 до 2015 година.

Извор: Танјуг

Мицотакис даде свечена заклетва и официјално стана премиер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот