Кој е најомразениот јутјубер, кој заработува милиони и стои зад пијалокот „Прајм“
Сигурно веќе сте слушнале за енергетските пијалоци „Прајм“, кои ги основаа јутјуберите и инфлуенсерите Логан Пол и КСИ. Можеби сте слушнале и дека овие пијалоци се опасни поради високата доза на кофеин, па затоа се забранети за деца. Но, што знаете за човекот кој стои зад „Прајм“?
Препорачано
Иако овие пијалоци се продаваат и во Америка (каде Прајм има 200 мг кофеин) и во остатокот од светот (каде што има 140 мг) како пијалоци за луѓе над 18 години, многумина се жалат дека пакувањето на Прајм е премногу слично со другите линии на пијалоци како „Прајм хидрејшн“ која е достапна за помлади од 18 години. Покрај тоа, енергетскиот пијалок содржи и Л-теанин, кој не е дозволен во ЕУ.
„Ние сме пред сѐ компанија фокусирана на социјалните мрежи. Добрата работа за социјалните мрежи се податоците, а податоците се дека 90 отсто од мојата публика е над 18 години“, изјави за „Еј-би-си њуз“ (ABC News) Логан Пол, ѕвезда на Јутјуб и еден од сопствениците на овој бренд, додавајќи: „Конзумирањето на кофеин не се препорачува за деца или за лица под 18 години. Тоа е индустриски стандард, а не нешто специфично за Прајм. Луѓето треба да бидат паметни за она што го внесуваат во своето тело“, пренесува „Индекс.хр“.
Логан Пол неодамна објави дека тој и инфлуенсерот КСИ, со кој го започна овој проект, досега на Прајм заработиле една милијарда и 200 милиони долари.

За оние кои можеби не знаат, Логан Александар Пол е 28-годишна Јутјуб ѕвезда, која е прогласена за најплатен јутјубер во 2017, 2018 и 2021 година од „Форбс“. Со над 90 милиони следбеници на различни платформи, Пол е еден од најпрепознатливите луѓе во светот.
Кариерата ја започна во 2013 година на подоцна непостоечката „Вајн“ (Vine), а истата година почна активно да објавува на „Јутјуб“, каде собра 24 милиони следбеници и над шест милијарди прегледи.
Пол е исто така еден од оние јутјубери кои се стекнаа со слава поради неговата подготвеност да направи сѐ за гледаност, што го направи еден од најгледаните, но и најомразените личности на таа платформа.
Неговите „скандали“ се класично непромислено однесување и има премногу за броење, но ова се некои од неговите „најголеми хитови“:
Злоупотреба на мртви животни
Никој не знае од каде ги добил мртвите стаорци, но тоа е помалку важно. Она што е поважно е што Пол, во своите напори да се „врати со стил“, реши да ги зашемети мртвите стаорци со шокер, што не им се допадна на „Јутјуб“ и „Гугл“, кои го исклучија рекламирањето на неговиот канал и решија повнимателно да ги следат содржините споделени од нивните најголеми ѕвезди.
Ја лажирал сопствената смрт
Како и повеќето од најлошите јутјубери, Логан реши да ја искористи наивноста на неговите најмлади обожаватели лажирајќи го неговото убиство. Идејата била да се одглуми кражба при што бил застрелан, а на крајот драматично открил дека се работи за една голема „шега“.
Видео од Јапонија
И конечно, неговиот најголем хит на Јутјуб е посетата на шумата Аокигахара, која мештаните ја нарекуваат „шума на самоубиства“, бидејќи е место каде што голем број самоубијци доаѓаат да го стават својот крај. За време на посетите, Логан и неговите пријатели наишле на труп на маж кој виси на дрво, го снимиле, се смееле и видеото го објавиле на Јутјуб. Логан се извини неискрено и иако тоа беше повеќе од доволно (можеби дури и непотребно) за фан профилот, многумина никогаш не му простија бидејќи со овој потег го зацементира статусот на еден од најомразените јутјубери.
Сите го забрануваат „Прајм“, а Логан Пол заработува милијарди
Што се однесува до Прајм, тоа е уште еден од потфатите на Пол со голема заработка, но наидува на проблеми буквално секаде каде што оди.
Австралија ја забрани продажбата на Прајм во училиштата бидејќи претставува ризик по здравјето на сите помлади од 15 години, бремени жени, доилки, а некои нутриционисти го нарекоа производ што создава „зависност“.
И Канада има проблеми со огромното количество кофеин, Данска го повлече производот од полиците и го дозволи само Прајм хидрејшн, но со услов состојките да одговараат на националните стандарди. Холандија, Нов Зеланд, Словенија и Јужна Африка ја забранија продажбата на Прајм, а во САД е на удар поради лудото количество на кофеин, па затоа на сите им се советува да не го консумираат овој пијалок.


