Кој е Лазар Вукичевиќ на кого „екипата“ на Беливук му го отсекла јазикот?

Навивачот на Црвена звезда, Лазар Вукичевиќ (31) исчезна минатата година на 16 октомври. Тој е еден од десетината момчиња кои се наоѓале на „црната листа“ на тимот на Вељко Беливук, наречен Веља Невоља. Вукичевиќ последен бил лоциран на Баново брдо, од каде му се губи секоја трага.

Како што подоцна беше утврдено со истрагата, неговото исчезнување и убиство било поврзано со криминалниот клан на Беливук.

Името на Лазар Вукичевиќ прв пат го привлече вниманието на јавноста во 2019 година, кога под автомобилот „порше“ во сопственост на неговиот татко, што го користел Лазар било поставено бомба. При експлозијата за никој не бил повреден.

Се претпоставува дека бомбата е активирана од далечина и дека тоа било „предупредување“ за Лазар. Лазар Вукичевиќ на полицијата и бил познат по расправии, а бил и во затвор. Три месеци пред поставувањето на експлозивната направа, Вукичевиќ излегол од затвор.

Тој во затвор бил поради нападот врз Никола Вавиќ, инаку брат на Александар Вавиќ, водачот на навивачката група „Алкатраз“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот