Кој би можел да му го расипе планот на Макрон за реизбор?

Емануел Макрон/ Фото EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Победата на претседателските избори во Франција кои ќе се одржат во април би требала да биде во рацете на актуелниот лидер Емануел Макрон. Според повеќето анкети се прогнозира дека тој би победил во вториот круг од изборите.

Сепак, по првиот мандат заглавен во социјални немири – за време на кој тој презеде чекори за либерализација на законите за работни односи на Франција, ги намали даноците на богатите и бизнисмените и се обиде да ги реконфигурира трансатлантските односи – маргините се потесни отколку во 2017-та, кога издвои уверлива победа над  крајно десничарката Марин Ле Пен.

Кои се противниците на Макрон кои би можеле да му ги расипат плановите?

Емануел Макрон / Фото: EPA-EFE/CLODAGH KILCOYNE / POOL MAXPPP OUT

Макрон – Ле Пен

До есента, во јавноста низ Франција се шпекулираше дека изборите во април ќе бидат повторување на пресметката меѓу Макрон и Ле Пен. Тоа е натпревар кој самиот Макрон го посакува: гласачите постојано ја држат надвор од нејзината крајно-десничарска партија.

Ле Пен останува најверојатниот кандидат да се соочи со Макрон во вториот круг, во главно поради тоа што нејзиниот рејтинг неодамна се подобри, покажуваат анкетите.

Сепак, нејзиното место не е сигурно бидејќи има конкуренција од другите партии за второто место.

Ле Пен во последниве години се обиде да го ублажи евроскептичниот, антиимиграциски имиџ на нејзината Национална партија за да ја прошири нејзината популарност во Франција, која никогаш немала жена претседател.

Но, во минатото таа јавно го претставуваше нејзиното восхитување за рускиот претседател Владимир Путин, а експертите сметаат дека тоа може да го повреди нејзиниот имиџ додека беснее војната во Украина.

Анкетите покажуваат дека таа има 21% поддршка во првиот круг.

Во вториот круг, потребно ако ниту еден кандидат не освои просто мнозинство од гласовите дадени во првиот круг, Макрон ќе ја победи Ле Пен со 53% до 58% од гласовите, покажуваат анкетите – помала разлика од поразот што го претрпе таа во 2017 година.

Фото ЕПА

Макрон – Меланшон

Меланшон е единствениот левичарски кандидат кој се појавува во анкетите меѓу првите пет кандидати.

Со оглед на тоа што традиционалната централно-левичарска Социјалистичка партија е на граница на ирелевантност и Зелените се борат да создадат широка база за поддршка, Меланшон апелираше до левичарските гласачи да го поддржат.

Претседателски избори Франција: Расте популарноста на левичарот Меланшон, Макрон со убедливо водство над другите

Во својот предизборен манифест, Меланшон, силен оратор кој се кандидира за претседател по трет пат, вети дека ќе го контролира движењето на капиталот, ќе гарантира работа за долгорочно невработените и ќе ја намали старосната граница за пензионирање од 62 години на 60 години.

Сега со околу 14% во анкетите за поддршка на гласачите во споредба со оние 9-10% во јануари, тој се искачи на третото место во изборната трка зад Макрон и екстремната десничарка Марин Ле Пен. Анкетите покажуваат дека Макрон лесно би го победил Меланшон доколку се пласира во вториот круг.

Жан-Лук Меланшон/ Фото EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Макрон – Земур

Подемот на Ерик Земур, ток-шоу ѕвездата, кој со својата идеологија се поврзува со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, се претставува себеси како иден спасител на нацијата под перцепирана закана од исламот, иако во последно време неговата популарност значително опадна.

Некои истражувања покажаа дека Земур би можел да стигне до вториот круг, но неговата поддршка опадна бидејќи се бори да формулира идеи контра имиграцијата и безбедноста, а и неговите коментари за Русија дополнително му ја загрозија шансата да направи некој значителен резултат.

Подемот на Ерик Земур: Трката за наследник на Макрон

Анкетите покажуваат дека тој би освоил 9-13% од гласовите во првиот круг.

Земур, елоквентен оратор и бестселер автор, вели дека „нехристијанските имиња како Мохамед“ и носењето религиозни симболи како што се исламските шамии треба да бидат забранети бидејќи го „валкаат идентитетот на Франција“ како христијанска цивилизација.

Макрон комотно би го победил Земур во вториот круг, велат анкетите.

Ерик Земур
Ерик Земур, кандидат за претседател на Франција/ Фото EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Макрон – Пекрес

Шефот на поголемиот париски регион, Валери Пекрес, која за нејзината политика вели дека дел наликува на Маргарет Тачер, дел на Ангела Меркел, го доби билетот на конзервативните Републиканци во декември, што предизвика раст во анкетите.

Сепак, Пекрес, умерена во конзервативните редови, забележа дека нејзината кампања попушта додека се бори да се издвои од Макрон додека се спротивставува на националистичките програми понудени од нејзините екстремно десничарски ривали.

Пекрес вели дека ќе стави крај на 35-часовната работна недела, ќе ја зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 65 години и ќе им забрани на жените кои ги придружуваат нивните деца на училишните екскурзии да носат муслиманска марама.

Валери Пекрес престедателски каднидат EPA-EFE/CHRISTOPHE

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот