Кои сте вие да размислувате за името на МПЦ-ОА? – ја прекори Пендаровски Бугарската црква

Свештеници на БПЦ на литургија во чест на Св. Кирил и Методиј во Софија / 23 мај 2022 г. / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Претседателот Стево Пендаровски смета дека има координирана државна политика меѓу бугарските власти и Бугарската православна црква (БПЦ), откако Синодот на БПЦ денеска соопшти дека ја прифатил одлуката на Вселенската Патријаршија за примање на МПЦ-ОА во канонско единство, но наведе и дека „за името на црквата во Северна Македонија допрва ќе се разгледува“.

-Денеска ја видов одлуката на БПЦ дека ја признаваат црквата на Северна Македонија. Замислете дека безобразието оди до таму, да последната реченица од тоа кусо соопштение вели дека ќе размислиме околу дефинитивното име. Тие велат дека ја признаваат црквата во Северна Македонија, а за нејзиното име ќе размислиме во следниот период. Кои сте вие да размислувате?, порача Пендаровски во емисијата „24 анализа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот