Кои се трите можни сценарија: Ѓоковиќ од притвор или на терен или на аеродром!

Новак Ѓоковиќ ќе биде депортиран од Австралија/Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Судијата Ентони Кели на сослушувањето со адвокатскиот тим на Новак Ѓоковиќ одлучи да ја пренесе одлуката на Федералниот суд со цел да се стави крај на случајот.

Ѓоковиќ најдоцна во недела дефинитивно ќе знае дали ќе остане или ќе ја напушти Австралија, а одлуката ќе ја чека во притвор.

За жалбата на неговите адвокати ќе одлучува Федералниот суд на Австралија. Судијата ова го направи за да се донесе одлука што поскоро, уште во недела, и да избегне дополнителни жалби.

Во сабота со српскиот тениски ас ќе разговараат официјални лица, а од 10 до 14 часот (00:00 и 04:00 часот по македонско време) ќе може да биде со своите адвокати.

Потоа ќе биде префрлен во притвор за имиграција каде ќе остане до сослушувањето во недела. Адвокатот на министерот за имиграција, кој му ја укина визата на Ѓоковиќ, предложи Новак да биде однесен во адвокатската канцеларија во осум часот (22.00 часот по македонско време) за да подготви жалба и да биде приведен напладне по локално време (02.00 часот по македонско време) до сослушувањето кое треба да биде во недела.

Хронологија на „случајот Ѓоковиќ“

На крајот, постојат три можни сценарија на овој случај, според австралиската новинарка Карен Свини. Првото сценарио е Новак биде успешен во жалбата и одлуката биде укината за да може да остане да игра на „Австралија опен“ кој ќе стартува во понеделник.

Второто сценарио е да му ја одбијат жалбата и го депортираат, додека третото сценарио е доколку жалбата на Ѓоковиќ помине, тогаш ѝ се остава шанса на австралиската Влада да се жали на одлуката. Тогаш судијата ќе одлучи дали ќе оди во притвор за имиграција или ќе може да игра на Австралија опен додека не заврши постапката.

Ѓоковиќ и невакциниран ќе може да игра на Ролан Гарос

Морисон за поништувањето на визата на Ѓоковиќ: Австралијците направија многу жртви за време на оваа пандемија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот