Кои се крајните десничари кои трумфираа на изборите во Шпанија?

Фото: EPA

На вонредните парламентарни избори во Шпанија, четврти во четири години, социјалистите на премиерот Педро Санчез добиле најмногу гласови, но најголем тирумф остварила крајната десничарска партија Вокс, која избила на трето место, јавуваат шпанските медиуми.

Овој резултат и не е така изненадувачки, бидејќи десните популисти и крајните десничари веќе со години бележат подем во дел од Европа.

Сепак, резултатот на вчерашните избори за оваа десничарска партија е убедливо најдобар. Тие освоиле дури 52 од вкупно 350 места во шпанскиот Застапнички конгрес. Станува збор за партија основана во 2013 година, кога се отцепила од главната десничарска Народна партија.

Во конечните резултати, оваа бројка на освоени места во конгресот е многу далеку од 120-те места кои и припаднаа на Шпанската социјалистичка партија. Но, Вокс е сега во незавидна позиција во која една мала партија може да се најде: Онаа чија поддршка може на крај да биде пресудна за формирање на влада.

Социјалистите сигурно нема да бараат коалиција со Вокс, што и самиот Санчез на еден начин го потврди кога повика на соработка на „сите политички партии“ освен кои сами се исклучуваат и кои сеат омраза во нашата демократија“. Но, самите социјалисти немаат мнозинство, па би можело да се повтори сценариото од претходните избори кога не успеаја да формираат владејачка коалиција.

Каталонската криза предизвика пораст на шпанскиот национализам

Значи, што всушност стои зад силниот скок на крајната десничарска партија Вокс, која нејзиниот претседател, 43-годишниот Сантијаго Аабаскал ја нарече „најголем политички подвиг виден во Шпанија?“

Како што пишуваат тамошните медиуми, оваа десничарска партија капитализирала на бранот од шпанскиот национализам предизвикан со обидот за отцепување на Каталонија, кој шпанскиот суд го прогласи за нелегален, како и со новите жестоки протести минатиот месец во таа автономна покраина.

Шпанските националисти, барем оние кои гаат носталгија кон фашистикиот диктарот Франциско Франко, веројатно ги испровоцирало и неодамнешното преместување на неговите останки од дивовскиот мазолеј, во кој се наоѓале 44 години, на помалку познати гробишта во преградие во Мадрид, по налог на владата на Санчез.

Всушност, Вокс е првата крајно ориентирана десничарска партија во шпанскиот парламент од смртта на Франко во 1975 година и обновата на демократијата која потоа следуваше.

Антимигрантска и антиисламска реторика

Но, подвигот на Вокс сигурно се должи и на жестоката антимигрантска и антиисламска реторика која ја практикува оваа партија. Абаскал ја дефинирал целта на својата партија како „повторно освојување“ на Шпанија.

Тоа секако е намерна асоцијација на средновековната шпанска победа над муслиманските освојувачи, а потоа и колективниот прогон на муслиманите, но и Евреите, кои од осмиот до петнаесетиот век се населиле на Пиринејскиот полуостров.

Така, минатата година Абаскал објавил и видео на кое јава на коњ со десетици други мажи, со слоганот „Повторното освојување на Шпанија ќе започне во андалузиските земји“.

Кампањата за изборите ја започна во селото Ковадонга, каде силите на шпанскиот крал Дон Пелаја ја оствариле првата победа над маурските освојувачи.

Веднаш пристигнале честитки од Вилдерс, Салвини и Ле Пен

Дека Абаскал и неговата партија Вокс се блиски и се координирани со другите десничарски и популистички партии во ЕУ, го потврдуваат и честитките кои следуваа веднаш по објавувањето на неофицијалните резултати.

Марин Ле Пен, претседателката на францускиот Народен собир, му честиташе на Абаскал и порача дека неговата „импресивна работа веќе вродила плод по само неколку години“.

Поранешниот потпртседател на италијанската влада и лидер на моментално најсилната италијанска партија Лига, Матео Салвини, на Твитер објави фотографија на која е заедно со Абаскал, со шпанско и италијанско знаме, и со пораката: „Честитки Вокс!“.

Герт Вилдерс, лидер на холандската десно-популистичка и антимигрантска партија за слобода, исто така објави слика со Абаскал, преку која му честиташе на него и на неговата партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот