Кои британски научници го инспирирале Ајнштајн и зошто долго не ги прифаќале неговите откритија?

Pixabay
Pixabay

На ѕидовите во неговиот стан во Берлин во 1920-тите години на минатиот век, а подоцна и во неговата куќа во Принстон, Америка, Алберт Ајнштан постојано чувал портрети на тројца британски филозофи Исак Њутн, Мајкл Фарадеј и Џејмс Клерк Максвел. Секој научник од ова трио Ајнштајн несомнено го почитувал.

Pixabay

Англија отсекогаш имала најдобри физичари“, изјави Ајнштајн во 1925 година. Тој на своите студенти ги советувал да студираат на Универзитетот во Кембриџ, домот на Њутн во втората половина на XVIII век како и научната база на Максвел, основач на лабораторијата Кавендиш во Кембриџ во 1870-тите.

Не мислам само на Њутн. Нема да има модерна физика без електромагнетните равенки на Максвел. Му должам повеќе на Максвел отколку на кој било друг научник“, изјавил Ајнштајн.

Во 1931 година, Ајнштајн по повод стогодишнината од раѓањето на Максвел се обрати во долг есеј.

Pixabay

Пред Максвел, луѓето ја сфаќаа физичката реалност… како материјални точки, чии промени се состојат исклучиво од движења… По Максвел, се сфати физичката реалност претставена од континуирани полиња, а не само како механичко објаснување…“, рекол Алберт.

Ендру Ворвик, историчар во областа на математичката физика објаснува дека во Кембриџ за време на периодот до 1905 до 1920 година, работата на Ајнштајн била игнорирана, реинтерпретирана, отфрлена за многу подоцна, конечно да биде прифатена и предавана на новите студенти.

Навистина, се знае дека само еден британски физичар имал директна комуникација со Ајнштајн за релативноста од 1919 година, Г. Ф. Ц. Сирл, кој своевремено бил демонстратор по експериментална физика во лабораторијата Кавендиш.

Pixabay

Во 1907 година, Ајнштајн му испратил копија од неговиот труд на Сирл. Сирл му одговорил дури во 1909 година, признавајќи му на Ајнштајн – „Досега не бев во можност да добијам никаква навистина јасна идеја за вклучените принципи или за нивното значење и за оние со кои зборував во Англија за оваа тема се чини дека го имаат истото чувство“.

Реакциите од Велика Британија за релативноста помеѓу 1905 и 1919 година било дека британските физичари, по откривањето на електромагнетните бранови од Хајнрих Хенц во 1888 година и електроните од Џ. Џ. Томсон во 1897 година, избирале да прифатат исклучиво електронска теорија за материја (позната како „ETM“). Тие биле традиционални во тој поглед и концептот на Ајнштајн како и неговата теорија биле едногласно отфрлени.

Pixabay

Пресвртот се случил во 1919 година кога британските физичари биле принудени да ја прифатат вистината на релативноста на Ајнштајн и неволно да се откажат од старите теории.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот