Кога имаш пари можеш сè: Милионерот Дан Билзериан стана писател!

Instagram

Милионерот и плејбој Дан Билзериан стана писател. На социјалните мрежи се пофали дека ја завршил сопствената биографија и ги повика своите следбеници на промоција на неговиот литературен обид.

„Ќе одберам двајца меѓу вас, ќе ве поканам на промоцијата на книгата и ќе ви дадам 5.000 долари. Ќе поделам и 1.000 мои книги со пријателите. Сè пишува на линкот. Јавете се, не е шега“, напиша Билзериан, кој многу сака да се пробие на книжевната сцена.

Секако тоа не е бизнис со кој милионерот дополнително би се збогатил, но се чини дека повторно му недостасува внимание, а парите и така во неговиот живот никогаш не биле проблем.

Познато е дека неговиот татко е еден од најуспешните американски бизнисмени од Вол стрит, па многумина и го нарекуваат „татин син“, а тоа и му го ставија до знаење кога побара помош за насловот на биографијата.

Еден од твитовите на неговото прашање беше:

„Како да живеам од „перените“ пари на татко ми“, од Дан Билзериан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот