Коцкари изнајмиле луксузна вила за да садат марихуана (ВИДЕО)
Професионални коцкари зеле под наем луксузен имот и на него саделе марихуана претпоставувајќи дека полицијата нема да се посомнева.
Сепак, полицијата изврши упад во замокот Хокли Хит во централниот дел на Британија. Луксузниот имот коцкарите го претвориле во фарма за марихуана.
Главниот финанасиер, Лиза Скотни го финансирала проектот од парите што ги добивала на коцка, се до 31 март 2017, кога ја напуштила среќата.
Полицијата уапси идвајца соработници на Лиза, коцкари, Едвард Амброзевич и Шон Вилкинсон.
Полицијата открила 103 стебла канабис, вреден околу 33.000 фунти на имотот за кој коцкарите плаќале месечна кирија од 3.750 фунти .