Кочани станува рок-центар со настанот „12 часа урбан здив!“

Рок-ентузијастот Тошо Филиповски постојано ги шири рамките на своите активности со „Корпус деликти рекордс“, со цел градот Кочани да го направи центар на рок-културата во источниот дел од државата.

Со таква намера на 10 јули во Кочани ќе се одржи настанот „12 часа урбан здив!“ Програмата ќе биде отворена со втората Летна регионална берза на винили. Своето учество на берзата го потврдиле 12 продавници на винили од Србија и од Македонија. Берзата, како и сите други настани во програмата ќе се одржат на отворено во Паркот на револуцијата во Кочани.

Паралелно со берзата на истата локација ќе се одржат промоцијата на книгата „Хрватски панк и Новиот бран (1976-1987)“ на Винко Барич од Хрватска, како и трите изложби „Македонската рок музика на насловните страници на печатените медиуми“ на „Македонски музички архив“, „Новиот бран – Деца на социјализмот“ на Зоран Кардула и изложбата на стрип-табли со наслов „Барокен човек“ на Винко Барич.

Во вечерните часови програмата ќе заврши со концерти на четири рок-групи: „Напорно суицид“ од Хрватска, како и „Ацидентал рајд“, „Хајка“ и „Ласт експедишн“ од Македонија. Сите групи за првпат ќе настапат во Кочани. Целиот настан е поддржан од Општина Кочани.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 136, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 9-10 јули 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот