Коалиција „Менуваме“: Стратегијата за лицата со попреченост има пропоусти и не ги решава нашите проблеми

Фото: Принтскрин

Коалицијата „Менуваме“ бара да се одржи јавна расправа за стратегијата за лица со попреченост. Тие до Министерството за труд и социјална политика, доставиле забелешки на акциониот план, за стратегијата, која не ги решава проблемите на лицата со попреченост, туку создавала можности за нови вработувања, а биле предвидени и непотребни трошоци за прирачници и слично.

На денешната прес-конференција на Суарет Алиша од „Менуваме“, тој истакна дека стратегијата не може да помине и оти не е во интерес на лицата со попреченост.

Таа не се базира врз база на потребите на лицата со попреченост. Таа мора да биде во интерес на лицата со попреченост. Не велам дека цела стратегија е лоша, но, можам да кажам дека 65 отсто од неа, од што досега анализиравме, има многу пропусти, рече Алиша.

Тој нагласи дека нема да застанат тука. Дека особено се стравува од дискриминација, поради тоа што, како што рече, лицата со попреченост не се споменати во Уставот на државата.

Живееме во држава со пречки во развојот и политичари со посебни потреби, кои бегаат од средба со нас. Со тоа покажуваат колку една држава вреди. А вреди, онолку колку што се грижи за беспомошните, додаде Алиша.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот