Книжевно истражување на Пламен Тотев за моделите на развојот на светската литература

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ ја објави книгата „Животот на литературната класика“ од бугарскиот книжевен истражувач, критичар и издавач, Пламен Тотев. Со поднаслов „Книжевни епохи и правци, творци, дела и проблеми“ Тотев пишува за моделите и закономерностите во развојот на светската литература.

Освен информациите за главните литературни епохи и правци од антиката и ренесансата до модернизмот, книгата вклучува и анализи на класични дела, како што се „Илијада“ на Хомер, „Цар Едип“ на Софокле, „Подвизите на Александар“ на Калистен, „Робинсон Крусо“ на Д. Дефо, „Грофот Монте Кристо“ на А. Дима, „Чичко Горио“ и „Изгубени илузии“ на О. де Балзак, „Црвено и црно“ на Стендал, „Злосторство и казна“ на Достоевски и други. Преводот на книгата е на Предраг Димитровски.

Пламен Тотев (1964) дипломирал бугарска филологија на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“. Специјализирал историска поетика на бугарската литература. Објавил стотици литературно-критички и книжевно-историски написи, рецензии на книги, статии за проблемите на литературата, издаваштвото и културата.

Живее во Софија и работи со издаваштво. Во книжевната продукција на неговите две издавачки куќи посебно место зазема и современата македонска литература, а досега се објавени 34 дела од автори како Луан Старова, Оливера Николова, Владимир Плавевски, Јагода Михајловска-Георгиева, Киро Донев, Паскал Гилевски, Драги Михајловски, Томислав Османли, Душко Родев, Влада Урошевиќ и други.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 95, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 4-5 септември 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот