„Книжевен жезол“ на ДПМ за Иван Џепароски и Душан Стојковиќ

Друштвото на писатели на Македонија секоја година го доделува признанието „Книжевен жезол“ за поетски опус со исклучителни естетски вредности на еден домашен и на еден странски автор и го чествува нивното творештво во рамки на манифестацијата „Празник на липите“. Годинава со ова престижно признание се закитуваат македонскиот поет Иван Џепароски и поетот од соседна Србија Душан Стојковиќ.

Иван (Ивица) Џепароски (1958, Скопје) е поет, филозоф, естетичар, критичар и преведувач. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што магистрирал и докторирал. Автор е на триесет книги, и тоа: на седум поетски книги, на три поетски антологии, на четиринаесет книги од областа на естетиката и на книжевната критика и на шест теориско-есеистички избори.

Душан Стојковиќ (1948, Белград, Србија) е поет, раскажувач, литературен критичар, есеист, преведувач. Уредник е на списанието „Шамадиски метафори“ (Младеновац) и член на редакциите на списанијата „Бдеење“ (Сврљиг) и „Нашата трага“ (Велика Плана). Академик е на Славјанската книжевна и уметничка академија во Варна. Автор е на два обемни тома: „Поетските стебла на македонската лирика“ и „Македонската проза на српски јазик“ (2021), како и на голем број избори, антологии, прегледи, панорами, критики, есеи.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 84, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 12-13 јуни 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот