Книжевен превод: „Кревки ангели“ од Ноеми Киш

Романот „Кревки ангели“ од Ноеми Киш, објавен од „Или-Или“, истовремено е сензуален и далечен, жестоко интимен и апстрактно студен. На страниците на романот ги исчитуваме сеќавањата на Ливија, четириесетгодишна наставничка која чека судска пресуда, додека се обидува да го состави мозаикот на нејзината судбина лежејќи во болница, но и нејзините обиди на една нестабилна личност да си го спаси минатото, како го запознала сопругот, надежен спортист, нивната борба, а потоа и откажувањето од добивање дете, како ги доживеале авантуристичките превирања на транзицијата, и конечно, како се соочиле со фактот дека веќе нема каде да побегнат еден од друг.

Ноеми Киш (1974) е унгарска писателка, преведувачка и критичарка. Со јазикот на литературата, таа зборува за животните лаги, семејното насилство, физичката и менталната неплодност. Студирала унгарски јазик, компаратистика и социологија во Мишколц, Унгарија и Констанца, Германија. Нејзини позначајни дела се „Транс“ (2006), „Парталава скривница“ (патопис за Балканот, Кавказ и Источна Европа, 2009), „Мајка на близнаци“ (2013), „Кревки ангели“ (2015), „Балатон“ (2020). Пишува есеи и монографии: фотографијата во литературата, Пол Селан итн. Активистка е за заштита на правата на жените. Нејзините дела се преведувани на англиски, германски, бугарски, српски и на романски јазик.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 70, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 27-28 февруари 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот