Книжевен превод: „Еретички писма“ од Стефан Марковски е објавен на англиски јазик

Романот „Еретички писма, или наоѓајќи ги небата што сјаат црвено“ од Стефан Марковски деновиве беше објавен на повеќе платформи за книги на англиски јазик. Романот е достапен во печатена и електронска форма преку сајтовите на „Барнс и Нобл“, ланец од над 600 книжарници ширум САД, француската книжевна платформа „Вивлио“ и други платформи за литература во печатен и дигитален облик, како и библиотеки.

Преводот на романот од македонски на англиски јазик е на Марковски, додека лектурата на англиски јазик е дело на Марија Петковска. Македонското издание на книгата беше објавено во 2018 година од издавачкиот центар „Три“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 44, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 15-16 август 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот