Љерка Тот Наумова и Мими Ѓоргоска-Илиевска, директорка на македонскиот КИЦ во Загреб

Книгата „Проникнување на тишината“ од Љерка Тот Наумова ќе има промоции во Загреб и во Сплит

Заедницата на Хрватите во Република Македонија – Огранок Скопје и Културно-информативниот центар на РС Македонија во Загреб на 15 април организираат промоција на книгата „Проникнување на тишината“ од Љерка Тот Наумова.

Промоцијата на книгата ќе се одржи во Културно-информативниот центар на РС Македонија во Загреб, а промотори ќе бидат Ѓуро Видмаровиќ и Дрина Ќавар Брајковиќ.

Песни од книгата ќе читаат Вида Тунгуз, Елизабета Петровска и самата авторка Љерка Тот Наумова, додека модератор на настанот ќе биде Љерка Галиц.

Следниот ден, на 16 април, книгата ќе има промоција и во галеријата „Винко Драгања“ во Сплит. За книгата ќе зборуваат Ѓуро Видмаровиќ, Ненад Немет (претседател на Огранок Скопје на Заедницата на Хрватите во Република Македонија) и самата авторка.

Во Сплит песни од книгата на хрватски јазик ќе чита Велинка Галиќ, а на македонски јазик ќе чита Ленче Лазаревиќ. Водител на настанот ќе биде Зоран Бошковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот