КНИГА за деца: „Дрвото“ од Бардур Оскарсон

Издавачот „ПНВ Публикации“ ја објави најнаградуваната илустрирана книга за деца „Дрвото“ од авторот Бардур Оскарсон. Книгата од англиски јазик ја преведе Јулијана Величковска.

„Дрвото“ е книга за стравот од непознатото, за немирот во наводната едноличност на секојдневието, за внатрешните битки и за нијансите на пријателството.

Бардур Оскарсон (1970) е автор за деца и илустратор од Фарските Острови. Автор е на седум свои книги, но и илустратор на многу други книги и книжевни списанија за деца. Добитник е на повеќе награди за литература за деца, како и награди за креативна литература.

Во „Дрвото“ Оскарсон раскажува за двајца пријатели, Хилберт и Боб. Приказната е илустрирана со карактеристичните минималистички, чувствителни потези на Оскарсон.

Речиси монохроматските површини овозможуваат простор за медитација и се фокусираат на експресивниот говор на телото на двајцата пријатели за време на нивната необична средба среде сивото еднообразие на секојдневието, каде што небото е последната граница, а дрвото веќе изгледа подалечно од кога и да е.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 22, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 14-15 март 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот