Клуни застана во одбрана на Том Круз, откако тој се закануваше со откази на снимањето на „Невозможна мисија 7“

Џорџ Клуни наведе дека разбира зошто Том Круз ѝ викал на филмската екипа од „Невозможна мисија 7“. Да се потсетиме, Круз излезе од контрола и буквално збесна зошто не се почитуваат мерките за коронавирусот, па на филмската екипа ѝ се закани дури и со откази.

Во интервјуто кое го даде за водителот Хавард Стерн, Клуни смета дека Том не реагирал несоодвтно и дека неговата реакција била толку бурна бидејќи всушност се работи за здравјето.

„Тој не претера… Разбирам зошто така реагираше“, го одбрани Клуни колегата Круз, бидејќи дошло до пропусти и Том со право имал така бурна реакција.

Џорџ Клуни објасни дека сепак тој малку поинаку, помирољубиво би се обидел да го реши таквиот проблем.

„Луѓето конечно мора да сфатат дека е потребно да бидат одговорни“, додаде Клуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот