Јирген Клоп/EPA-EFE/PETER POWELL

Клоп се налути на прашање за Реал Мадрид: Ќе бидам тренер и на Атлетико во исто време

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп на прес-конференција во Германија бурно реагираше на шпекулациите што го поврзуваат со преземање на Реал Мадрид.

Клоп во текот на вчерашниот ден беше претставен како стручен коментатор за Светското првенство на телевизијата „Магента“, заедно со Томас Милер и Матс Хумелс, а по промоцијата одговараше на новинарски прашања за неговата иднина. На прашањето дали би ја презел германската репрезентација, тој одговори смирено:

„Во моментов воопшто не размислувам за тоа. Којзнае што ќе донесат наредните години, но немам никакви планови во таа насока.“

Сепак, атмосферата малку се промени кога беше запрашан за наводниот интерес од Реал Мадрид и можноста да седне на клупата на „кралевите“.

„Добро е што зборуваме за ова. Кога нешто станува приказна? Кога некој ќе го напише или кога навистина постои интерес?“, изјавил видно изнервираниот Клоп.

Тој додаде дека ваквите шпекулации го фрустрираат:

„Дали некој ме побарал? Дали сум имал повик од Флорентино Перез? Секако дека не. Или е доволно некој медиум да напише глупост? Тоа ме нервира.“

Со доза иронија во продолжение Германецот порачал.

„Ќе го преземам и Атлетико Мадрид, по можност во исто време. Жал ми е, Реал прво ќе мора да се јави.“

Клоп, кој од почетокот на 2025 година работи како глобален директор за фудбал во компанијата „Ред Бул“, ги отфрли и тврдењата дека би можел да ја напушти таа функција, и покрај критиките кон моделот со повеќе клубови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот