Нова фантастична партија на Лука Дончиќ („Далас маверикс“) во НБА лигата/Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Клиперси не бираат средства за да го запрат Дончиќ, играчот на Далас не прифаќа извинување (ВИДЕО)

За време на петтиот натпревар од плеј-оф серијата помеѓу ЛА Клиперс и Далас маверикс, Маркус Морис го нагази повредениот зглоб на Лука Дончиќ.

Клиперси иако важеа за големи фаворити против Далас маверикс, огромни проболеми им задава неверојатниот Лука Дончиќ поради почнаа да играт валкано против словенечкиот кошаркар кој веќе оставри два трипл-дабл учиноци во четири натпревари.

Во претходните натпревари играчите на ЛА Клиперс го провоцираа Дончиќ, прво Морис се обидуваше да изнуди исклучување од него со провокации, а потоа и Монтрез Харел го навредуваше играчот на Далас на расна основа.


Во петтиот натпревар повторно во главна улога беше Маркус Морис кој го нагази Дончиќ на повредениот зглоб. На забавените снимки се добива впечаток дека не е чиста играта на Морис, но играчот на Далас го негира тоа.

„Играм кошарка со респект за себе и кон останатите. Да помислите дека некого намерно сакав да повредам е лудост. Десет играм против најдобрите. Кошарката никогаш не била толку сериозна за да сакам да повредам некого и нема да се извинувам за ова срање бидејќи знам што вложувам секој ден. Беше грешка, прифатете го тоа, јас играм да се натпреварувам“, напиша Морис на својот Твитер профил.

Веднаш потоа се јави и Дончиќ откако беше запрашан дали би било поинаку доколку Морис се извини.
– Видов што напиша Морис, но логично е дека јас имам свое сопствено мислење. Се надевам дека не е намерно, а сега кажете ми вие што мислите бидејќи сите ќе имаат свој став за оваа работа. Не сакам да разговарам со него, за време на целиот натпревар ми зборуваше грозни работи и едноставно не сакам да зборувам со него. Само се надевам дека не беше намерно бидејќи доколку е обратно тогаш е грозно – изјави Дончиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот