Климатскиот извештај на ОН ќе биде засенет од руската инвазија на Украина

Антонио Гутереш
Антонио Гутереш, генералниот секретар на ОН/ Фото: EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV

Со објавувањето на отрезнувачкиот климатски извештај на Обединетите нации во понеделник, постои загриженост дека ќе биде засенет од руската инвазија на Украина, објави Ројтерс.

Извештајот – опишан од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш како „атлас на страдање“ – повикува на заеднички напори од страна на владите да се подготват за потопол свет.

Но, малкумина можеа да ја игнорираат маката на единствениот украински автор на извештајот, ботаничар кој опиша дека се засолнил во засолниште за бомби во Киев за време на последната проверка на извештајот за Меѓувладиниот панел на ОН за климатски промени, за кој беа потребни три години да се состави .

„Битките се водат и надвор од градот и во градот, каде што се појавија руски падобранци“, изјави Јакив Дидух за Ројтерс, откако ја помина ноќта засолниште од неговиот стан на 11-ти кат во главниот град на Украина.

„Луѓето се загрижени, но ние не паничиме“, рече Дидух, кој работи во Националната академија на науките на Украина.

Инвазијата ги потресе учесниците на виртуелната средба на IPCC во неделата наутро, додека политичките делегати и научници ја одржаа последната седница по две недели преговарање за резимето на извештајот за креаторите на политиките.

„Украинската делегација зборуваше утринава на последното обраќање. Нема да го повторам она што таа го рече бидејќи мислам дека би станала премногу емотивна обидувајќи се“, рече главниот автор на IPCC, Даниела Шмит за време на неделниот брифинг.

Кога започна инвазијата минатата недела, украинската делегација им кажа на организаторите на IPCC дека е можно да се повлечат од конечниот преглед на документите доколку се прекине интернетот или електричната енергија, рече Шмит. Украинците „искажаа колку се вознемирени што тоа ќе го одвлечат вниманието од важноста на нашиот извештај“, додаде таа.

Научниците на состанокот рекоа дека московската делегација, кои се против конфликтот, се извинила и во име на Русите.

Авторите изразија „лична солидарност со украинската делегација“, според Ханс-Ото Портнер, копретседавач на извештајот на IPCC.

Некои се загрижени дека макотрпната работа и заклучоците ќе бидат игнорирани.

„Живееме во свет каде што има постојана конкуренција за наслови“, изјави за Ројтерс другата копретседавачка на извештајот на IPCC, Дебра Робертс.

ВО ЖИВО | Продолжува конфликтот меѓу Русија и Украина, вести од минута во минута

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот