КЛАСИКА ВО ДОРТМУНД: Германија водеше, Аргентина успеа до реми! (ВИДЕО)

twitter.com/CarolRadull

Во Дортмунд, на „Сигнал Идуна Парк“ пред нешто повеќе од 45.000 илјади гледачи беше одигран пријателски натпревар помеѓу Германија и Аргентина кој заврши без победник (2:2). Дуел на повеќе повеќекратни светски шампиони кои во финалните мундијалски битки се сретнале трипати.

Германците беа далеку подобри во првото полувреме, уште во раната фаза дојдоа до предност. Во 16 минута Серж Гнабри реализираше за водство, а шест минути подоцна истиот играч му асистираше на Хаверц за зголемување на позитивата.

После одличната партија против Тотенхем, овој меч повторно покажа дека Гнабри е во феноменална форма. Во 31 минута можеше да се најави уште поголема катастрофа на гостите, но за нивна среќа М. Халстенберг ја погоди пречката.

Во вториот дел „гаучосите“ намалија преку Лукас Аларио (66`) а во самиот финиш од средбата среќно стигнаа и до израмнување. Ударот на Лукас Окампос го промени правецот, тоа го измами германскиот голман за целосно враќање на Аргентинците кои и без најголемата ѕвезда Меси не дозволија да бидат поразен во оваа фудбалска класика.

Не само без играчот на Барселона, селекцијата на Аргентина на овој дуел беше „ослабена“ уште без Агуеро, Ди Марија, Икарди…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот