„Ќебапи за работникот, бифтек за власта“ – првомајски пикник на КСС пред Владата

Фото: ТВ21 / принтскрин

КСС протестираа со марш под мотото „Ќебапи за работникот, бифтек за власта“. Скара пред влада. Вака изгледаше „пикникот“ за 1-Мај што го организираше Конфедерацијата на слободните синдикати.

Како што пренесува ТВ „21“, работниците го избрале овој слоган бидејќи, според претседателот на КСС, „со економските услови што ги имаат, на работниците им останува да си купат само ќебапи, а функционерите со нивните покачени плати, за 1 Мај ќе јадат бифтек“.

Членовите на КСС побараа од Владата почитување на работничките права и колективните договори. Бараат да се слушне гласот на работникот, соодветна плата за достоинствен живот и социјален мир.

Дека работничките права не се почитуваат ниту во полицијата, тврди и претседателот на полицискиот синдикат, Орце Коцески. Според него, ако порано младите се бореле да влезат во полицијата, денес МВР ги моли младите да аплицираат.

На протестниот марш учествуваа работници и претставници на разни синдикати, а имаше и организиран превоз од другите градови, пренесе ТВ „21“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот