Ќе се истражува дали Медокс, првиот син на Анџелина Џоли, е легално посвоен

анџелина џоли мeдокс
Анџелина и Медокс / Фото: Profimedia

Наскоро светлината на денот треба да ја здогледа документарецот кој укажува на потенцијално неетичката пракса користена во камбоџанскиот систем за посвојување деца, а кој повторно ќе истражува дали Медокс, денес 19-годишниот син на Анџелина Џоли, можеби е „украден“ од рацете на своето семејство, пренесува „The Sun“.

Кога во 2002 година Анџелина Џоли првпат го посвои детето по име Медокс, сираче од Камбоџа, стана негова законска мајка. Но, набрзо почнаа да се шират теории за тоа како процесот на посвојување не е законски извршен, а сега излегува нов документарец кој ќе открие дали детето е украдено од своето
вистинско семејство.

Имено филмот „Украдени деца“ чиј автор е Елизабет Џејкобс, која и самата е посвоена, се занимава со малверзациите на жената задолжена за нејзиното и за посвојувањето на Медокс.

Родителите на младата режисерка користеле услуги на уапсената агентка Лорин Галиндо за која авторката се сомнева дека користела добро познат метод, по кој сиромашните камбоџански семејства постојано се посетувани од странци, и им се врши притисок додека ги дадат децата на посвојување.

Таа ќе патува во Камбоџа, подоцна во текот на годинава и се надева дека ќе добие одговори за своето посвојување, што би можело да помогне подобро да се разберат стотина други посвојувања од тоа време, вклучувајќи го и посвојувањето на Медокс. Џејкобс е иста генерација како Медокс, а околностите за нејзиното посвојување од Камбоџа остануваат сомнителни откако и нејзините родители ги користеле услугите на агентката Галиндо.

анџелина џоли медокс
Фото: Profimedia

Документарецот го покрива периодот од 1997 до 2001 година во тек на кој околу половина од процесите за посвојување, а биле меѓу 800 и 1600, оделе преку Лорин.

Кога е таа уапсена, казнета е и нејзината сестра која ѝ помагала да се фалсификуваат имињата, датумите и местото на раѓање на децата од Камбоџа кои подоцна нашле свој дом во американските семејства. Кога избил скандалот, проверен е и начинот на кој е посвоен Медокс и не се најден докази дека тој
навистина бил сираче.

Поставувани се прашања за легитимитетот на Медоксовиот статус на сираче, во времето на посвојувањето во 2002 година, додека работниците од социјалната заштита од Камбоџа верувале дека мајка му го продала за 100 долари, бидејќи била екстремно сиромашна.

Анџелина го посвоила Медокс преку споменатата уапсена агентка, која се занимавала со посредување меѓу посвоителите и социјалните служби во Камбоџа. Таа две години откако е завршен процесот на посвојување, уапсена е поради малверзации и фалсификување на документи за да сирачињата од Камбоџа
добијат американска виза. И токму по таа трага оди документарецот.

Анџелина тогаш изјави дека и самата поминала многу време проверувајќи дали мајката на Медокс го оставила детето во сиропиталиште и дали сака да има било каков контакт со него. Анџелина и бившиот сопруг, Бред Пит, го делат старателствто над шесте деца, од кои три се посвоени, Медокс од Камбоџа, Зара
од Етиопија и Пакс од Виетнам, а ова не е прв пат да се доведува во прашање начинот на кој се посвоени децата.

Така во 2017 година еден хуманитарен работник од Камбоџа тврдеше дека документацијата користена за посвојување на нејзиниот најстар син е полна со лажни информации. Наводно еден човек се запишал себеси како татко на детето за да се забрза процесот на посвојување, а Медокс наводно навистина е сираче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот