Презентација на предложениот изглед на новиот дом на културата во Петровец / Фото: Општина Петровец

Ќе се гради нов дом на културата во Петровец за половина милион евра, до изборите може и ќе се изгради

Градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски, денеска потпиша договор со министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во вредност од 30.168.000 денари (околу 500.000 евра), за изградба на нов дом на културата кој треба да се гради во селото Петровец, на место на поранешната општинска зграда и веднаш до новата општинска зграда.

Според најавите на градоначалникот и на министерот, веднаш ќе се отпочне со припрема на тендерската документација и тие очекуваат многу брзо, веќе кон крајот на август, објектот да почне да се гради. Ако се исполни оваа рапидна динамика, новиот дом на културата би можел да биде и изграден до локалните избори во октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот