Кирјос: Ставете ме на местото на Ѓоковиќ – колку години јас ќе бев казнет?

twitter.com/BBCSport

Ник Кирјос, 40. тенисер на светот, не учествува на годинешниот грен слем турнир во САД, но очигледно следи сè што се случува таму.

Австралиецот не чекаше многу и веднаш ја коментираше дисквалификацијата на Новак Ѓоковиќ од „УС Опен“.

Исфрлувањето на првиот светски рекет од турнирот во САД предизвика голем број на реакции во медиумите и социјалните мрежи.

Кирјос „традиционално“ го критикува српскиот ас скоро за сите негови потези во тенискиот свет.

И Австралиецот го коментираше случајното удирање на Ѓоковиќ со топчето кое заврши во грлото на линиската судијка.

– Ставете ме на местото на „џокерот“. Случајно удирајќи собирач на топки во грлото, колку години јас би добил забрана? – праша Кирјос во анкетата стави понудени одговори од 5, 10 и 20 години.

Која е „Жената мачка“, судијката поради која Ѓоковиќ е дисквалификуван од УС Опен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот