Кирјос повторно провоцира: Никогаш не би играл дубл со Ѓоковиќ

Кирјос не пропушта можност да го „пецне“ Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Лошото момче на светскиот тенис, Ник Кирјос повторно упати отровни стрели кон Новак Ѓоковиќ. Кирјос без никаква причина, како што прави во последно време, повторно зборуваше за Новак Ѓоковиќ и тоа го стори во подкаст на кој го изнесе своето мислење кој е најдобриот тенисер на сите времиња.

– За мене Федерер и Мајкл Џордан. Тоа што тој го направи за тенисот е неверојатно, уникатно. Мислам дека децата највеќе му се воодушевуваат на Федерер. Кога Швајцарецот ќе замине во пензија, тенисот ќе претрпи голема штета на економски план – вели Кирјос кој потоа го спомна и Ѓоковиќ.

– Без Федерер немаше да ги има ниту Ѓоковиќ ниту Надал. Тоа што сега се тие двајца е благодарение на нивната желба да го победат Рожер. Федерер е најдобар на сите времиња и неговиот стил го копираат другите. Сите му се воодушевуваат на Федерер. Никој не игра како Новак. Дури и доколку Новак освои повеќе грен слем титули,мислам дека Федерер ќе продолжи да напредува во трката за најдобриот на сите времиња. Новак е крал на србија, зборуваме за еден од најдобрите тенисери во историјата. Еј Новак, дали сакаш заедно да играме дубл на Австралија Опен? Се шегувам, никогаш би сторил такво нешто – вели Кирјос.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот